четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски до Ацевски: Прашајте ги пензионерите колку им се покачени пензиите

Стоилковски до Ацевски: Прашајте ги пензионерите колку им се покачени пензиите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговори на обвинувањето за лажни вести на пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски кој посочи дека тезата оти пензиите се намалени е лажна вест.

Во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, Стоилковски истакна дека кога растат трошоците на живот, а пензиите не се зголемуваат и не го следат трендот на покажување на трошоците тоа впрочем значи дека пензионерите имаат помалку средства на располагање и реално нивните пензии се намалени. Нема пензионер со покачена пензија соогласно она како што растат платите, така требаше да растат пензиите.

Зошто пензиите одат соогласно трошоците што се пресметки за минатата година, а не соогласно растот на платата. Зошто столбот по растот на плата според која многу повеќе требаше да добијат пензионерите како што добиваа, тоа се вика шведски модел тоа го бараат и пензионерите и пензионерските здруженија во Србија. Тоа го прерипавте, го направивте само соогласно трошоците. Тоа е трчање по трошоците кои што соогласно завод на Статистика од минатата година.

И реалното поскапување, реалниот раст на економијата, ако за вас раст е вештачкото покачување на платите, апсолутно пензиите не го следат. И кога растат трошоците, пензиите фактички им се намалени на пензионерите. И тоа е факт. Прашајте ги пензионерите колку им се покачени пензиите, вели Наум Стоикловски