сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Стоилковски: Дали зад милионските тендери во здравство на Кубис Медикал се крие Синерџи на Горан Филипов?

Стоилковски: Дали зад милионските тендери во здравство на Кубис Медикал се крие Синерџи на Горан Филипов?

Венко Филипче трет ден молчи за милионските набавки на Кубис Медикал, на кои што им потпишува милионски тендери, додека јавноста ја лаже дека само што не стигнале вакцини, а секој ден умираат по десетина наши сограѓани како последица од КОВИД 19 вирусот. Која е Кубис Медикал, фирмата миленик на Филипче за добивање на тендери? Дали зад Кубис Медикал всушност се крие Синерџи, на Горан Филипов, партнерот на Филипче со кој што неговата тешта гради куќа на падините на Водно? Дали за Кубис Медикал се крие Синерџи која од државата откако е Филипче министер испумпала 7 милиони евра во тендери, прашува Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Создава ли Филипче нова здравствена мафија, на чие чело е самиот тој и неговата фамилија, како и неколку семејства во чиј посед се веледрогерии и фармацевтски гиганти? Филипче гради бизнис империја на неколку поединци, чии што врски одат директно до него. Здравството и буџетот на министерството наместо за подобрување на условите во болниците, набавка на вакцини и лекови, се користат за тендер шеми и богатење на поединци. Не е чудо што се уште нема вакцини, кога ќе погледнеме дека министерот за здравство е зафатен со потпишување на тендери, изјави тој на денешната прес конференција.

Стоилковски посочи дека фирмата миленик на Филипче, Кубис Медикал, во последните три години добила државни тендери во здравството од 5 милиони евра и дека тоа е истата таа фирма, на која Филипче и потпишал одлука за набавка на томографи за 15 милиони поскапи од првично понуденото од истата.

– Филипче наместо да потпишува тендери, да каже до каде се вакцините, зошто на крај ќе има одговорност и за сите матни тендери што ги потпишал, но и за ненабавката на вакцини, додава тој.

Коронавирус