вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 135
home Вести

Стоилковски: Црна недела за новинарите и за медиумите – Заев, прибери си ги гавазите

Стоилковски: Црна недела за новинарите и за медиумите – Заев, прибери си ги гавазите

Oва е црна недела за новинарите и за медиумите во Република Македонија. Оваа страховлада на Зоран Заев додека ветува пари за печатени медиуми, четири новинари се физички нападнати, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски истакна дека вчеравечер физички се нападнати, тепани се тројца новинари, кои се познати по своите остри пера и јазици против заевизмот, криминалот и корупцијата на кланот на власт!

-Нападот бил со јасна порака, изведен кукавички, без никаков повод или претходен контакт со напаѓачите, планиран со бројна надмоќност и со закани по живот од напаѓачите. Пред неколку денови, физички е нападнат уште еден новинар, аналитичар, познавач на судските нереформи и критичар на спрегата меѓу кланот, судиите и обвинителите. МВР молчи за овој напад! Оваа страховласт приведува новинари кои објавуваат корупција на министри. Овој страхосуд лови новинари кои објавиле точни информации. Оваа страховлада има тело и стратегија за како велат „лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Стоилковски.

Тој посочи дека во оваа орвеловска атмосфера на Министерството за вистина предводена од Роберт Поповски, критички настроена новинарка објавува дека е пресретната и нападната од колега-пулен на власта, и сето тоа го документира со видео.

-Уредник на медиуми, бард меѓу новинарите, откривач на скандалот „Рекет“, јавно соопштува дека е следен, а негов колега, миленик на оваа страховлада пишува како „сонува“ убиства и истечени мозоци. Со поддршка без осуда од кланот на власта, новинар пишува закани кон лидерот на опозицијата, неговото семејство, децата. Зоране Заев, прибери си ги гавазите!, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.