четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 183
home Вести

Стоилковски: Човек почина, а хеликоптери се чуваат за министри на Режимот

Стоилковски: Човек почина, а хеликоптери се чуваат за министри на Режимот

Режимот преку Венко Филипче денеска се фали со вакцинација. Реалноста е дека имунизација немаше ниту да започне да не беа донациите од соседна Србија. Реалноста вели дека Венко Филипче и Зоран Заев се уште немаат набавено вакцини. Изминува 6-ти април, а со тоа Македонија со режимот доцни цели 4 месеци и 6 дена зад остатокот од регионот и од светот за вакцинацијата.

Во Македонија до сега починале 4.000 заболени од корона, дел од нив починале по 1 јануари оваа година. Веројатни доколку имаше вакцини, голем дел од нив ќе беа спасени. Ќе имаше вакцини, да не се мислеше на провизии.

Денеска како последица на неспособноста на режимот и сиот систем под него, што директно е вина на врвот на власта, почина и овчарот од кратовско село, којшто со часови беше носен на раце низ планински стрмнини предели. Немало возило, немало летало, немало ништо, кое можело да биде испратено за него.

Не е проблем хеликоптер да лета за Заев и за Филипче, но проблем е хеликоптер да биде испратен и пуштен за сограѓанин во мака?

Ова е трул систем, скапан од внатре, овој систем ја уништува државата и ги умира луѓето. Оставки веднаш!

Локални избори 2021