сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Чекам Зоран да извика “Петре не гради на диво и нема вишок пола милион евра”

Стоилковски: Чекам Зоран да извика “Петре не гради на диво и нема вишок пола милион евра”

Сега чекам Зоран да извика “Петре не гради на диво и нема вишок пола милион евра” и општа еуфорија да вивне, да се размрда “журналистиката” :)))), пишува на Фејсбук, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-А бе тука, пред вас, зграда- дивоградба среде Скопје изгради, фалц документи покажуваше, пола милион евра поише има у џеб, оној чудовишен замок на Маврово го никна, сите тендери “шкрипат”, колите ги крие, ама “па што”.

И ниеден интелектуалец, инфлуенсер, медиум, аналитичар, никој не застана пред зградетината да го праша, никој не отиде во општина, во инспекторат да види зошто не се на терен, никој не мрда да провери тоа тендерите и аукциите; дали можеби сум бил во право, дали “залепил” пола милион евра, да прашаат кој му гради, дали плаќа воопшто?

Ова сега сите експерти станаа за “сајтовето”, па упатуваат како сам да провериш… Малку мизерна е ситуацијата.

Ама помизерна ќе е ако и утре сите овие паметњаковичи не ги видам пред инспекторат да бараат одговор за аналитичко- истражувачко новинарство за зградата на Шилегов, менувани документи во сабота, коли, станови, дивоЗгради, луксузи, вили, лифтови, сефови…

Особено што јас лично сета документација, и тоа во оригинал, сум ја нудел за да се искористи како иницијална каписла, за истражување, за веродостона сторија со сите страни. Да сум знаел, на “Славјанка” ќе сум се јавел, пишува Стоилковски.

Коронавирус