недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања

Стоилковски: Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања

Мила Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања. Во ек на огромни скандали поврзани со целосен колапс на системот на заштита на децата, со актуелен случај на силувана штитеничка на установа, како продолжение на хоророт кој што секојдневно го доживуваат децата во институциите водени од Царовска, таа се фали со партиски вработувања, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Царовска е најнеспособниот министер во оваа влада, а денешниот јавен настап го докажува тоа. Без трошка емоции за случај за напаствувано девојче таа се држи до правната терминологија и бега од одговорност. Царовска веројатно и не се чувствува одговорна за случаите на обљуба на малолетници што е тешко кривично дело со казна затвор над 10 години кое по кој знае кој пат се случува пред очите на вработените! Царовска не разбира на колку одговорно место седи додека малолетнички се сексуално злоставувани, абортираат, се присилувани на секакви изживувања и хорори. Деца бегаат од установите и ги снемува  во непознат правец, а таа вели „бегството на деца од домовите е вообичаена пракса“, рече тој и додаде:

„Царовска денеска во ек на скандали се фали со партиски вработувања и најава за нова партизација. Ако сака да зборува за градинките, Царовска нека одговори зошто беа истерани, или правно не им беа продолжени договорите на бројни воспитувачки и негувателки од градинките? За сега партиски да вработува? Ги остави децата без соодветна заштита, иако имаше полна уста зборови за групи во градинките кои нема да бидат поголеми од 20тина деца. Па Царовска колкави се групите денес? До каде е популистичкиот проект кој што го отпочна во септември лани за двосменско работење на градинките? Дали тој се одвива насекаде? До каде е достоинствената плата од 500 евра, меѓу другите и за негувателките која ја ветуваше заедно со Заев? Се сеќава ли Царовска дека прва работа што направи нејзината влада беше кратење на парите за изградба на градинки, и со тоа ја стопираше градинката во Кавадарци? Царовска, престани да бегаш од проблемите и да ја манипулираш јавноста додека родителите бараат видео камери во градинките заради хорор условите во кои што ги остават нивните деца. Партиските вработувања не ги подобруваат овие условите“.

Стоилковски и порача на Царовска: Ако навистина сметаш дека системот мора да покаже одговорност, почни од себе, ти си најголемиот репрезент на овој неодговорен систем, покажи ја личната одговорност и замини си од министерската фотеља.

Коронавирус