четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 74
home Вести

Стоилковски: Боки 13 не би можел да изрекетира ниту денар, ако зад него не стоело цело СДСМ и владините функционери

Стоилковски: Боки 13 не би можел да изрекетира ниту денар, ако зад него не стоело цело СДСМ и владините функционери

Целата влада на Зоран Заев и СДСМ била вмешана во Рекет. Боки 13 на суд вчера јасно кажа дека доколку не била поддршката од функционерите на СДСМ бизнисмените не би ни седнале со него да преговараат, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Ќе цитирам: – Бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот, кажа Боки 13 вчера пред  судот. Во оваа реченица е содржана целата вистина за милионскиот рекет. Боки 13 не е лица кое има моќ и влијание да рекетира милиони од бизнисмени, ако зад тоа не стојат функционерите на власта на СДСМ. Ова само потврдува дека Боки 13 не можел ниту еден денар да изрекетира доколку не била поддршката од СДСМ. Боки 13 вчера јавно за првпат откри дека дел од шемата за перење на пари преку меѓународен сојуз била и Мила Царовска, која како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски, вели Стоилковски.

Тој додава дека Боки 13 вчера потврди дека првиот случај со измамената пензионерка на која и биле уплатени 720.000 евра изрекетирани од еден бизнисмен ја запознал преку Мила Царовска.

-Еден ден откако Боки 13 ги изнесе овие тврдења од Мила Царовска не видовме ниту еден релевантен аргумент во негирање на овој исказ на Јовановски.   Според сведочењето на Боки 13 гледаме дека целата операција била овозможена и спроведена од луѓе функционери на СДСМ. СДСМ е структурата која се крие зад сиот Рекет, а Зоран Заев главата на октоподот кај кого завршиле парите. За ова одговорност мора да има!, вели Стоилковски.

Коронавирус