четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 224
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Вести

Стоилковски: Бесрамно денеска СДСМ праќа соопштение со потценување на интелигенцијата на граѓаните

Стоилковски: Бесрамно денеска СДСМ праќа соопштение со потценување на интелигенцијата на граѓаните

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук пишува дека Бесрамно денеска #КластерСДСМ праќа соопштение со потценување на интелигенцијата на граѓаните.

-Бесрамно денеска #КластерСДСМ праќа соопштение со потценување на интелигенцијата на граѓаните.
Неспособните ширачи на вирусот заради што половина партија им е во изолација, велат “Заеднички ќе го совладаме коронавирусот”. Нејасно е дали се обраќа само на своите сопартијци?
СДСМ си го оправдува (неуспешниот) карантин на Скопје, па вели “Рестриктивните мерки се неопходни за да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот”.
Понатаму агитпропот на #КластерСДСМ го оправдува неуспешниот полициски час. Велат “најважно е да ги почитуваме мерките и да се заштитиме” што е целосно спротивно од она што го прави.
#КластеротСДСМ смета дека вака ќе ги излаже граѓаните за кои смета дека не разбрале дека новите карантини и полициски часови се заради нивните изборни поткупливи активности, но и активности за следење на опозицијата.
Затоа во карантин и виросани им се од потпретседател до портпаролка, од директори на разузнавање, финансиско разузнавање, УЈП.
Како за нив да не важи, и не важи, напишаното “Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба”.
Замислете, велат “Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, неопходно ни е единство и дисциплина за да успееме”.
Какво нескриено лицемерие!
Каков излив на несамокритичност и самобендисаност.
“Слушај ме што зборам, не гледај што правам”!
И тоа е причината зошто избега половина Скопје. Тоа е причината зошто има опасност од ширење на вирусот низ државата. Но, #КластерСДСМ не смее никого да го посочува за несовесност, освен во своите “високи” редови.
Само продолжете си со нарачани отворања на предмети, казни, следења, поткупи и обвинувања.
Ќе ви се врати по глава, како и “вториот пик на првиот бран”!, стои во постот на Стоилковски.

Бесрамно денеска #КластерСДСМ праќа соопштение со потценување на интелигенцијата на граѓаните.Неспособните ширачи на…

Gepostet von Naum Stoilkovski am Freitag, 5. Juni 2020

 

Парламентарни избори 2020