четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 52
home Вести

Стоилковски: Афера ПРОФИТЕР – Тендер за 3 милиони евра добиен со само едно наддавање

Стоилковски: Афера ПРОФИТЕР – Тендер за 3 милиони евра добиен со само едно наддавање

Продолжуваме со аферата Профитер, дел по дел, како се местени тендери за градежни фирми, распишани тендери од Град Скопје и како Петре Шилегов го зголемува личното богатство, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски:

Следува пример како една фирма добива енормно голем тендер со само едно електронско наддавање.

Тендер 2020година за „Изградба, реконструкција, одржување на бул. „Никола Карев“ – фазна реализација (од влез во касарна „Илинден“ до „Момин Поток“) во Скопје.

Процената вредност на постапката: 163.460.436,92ден. Вредност на склучен договор: 160.764.941,68ден Според документите, пријавени биле 5 фирми.

Две се веднаш елиминирани, поканети на аукција се три. На вакви аукции во нормални услови цената паѓа неколкукратно, бидејќи фирмите се борат да ја добијат работата, особено во 2020-тата, година на економска криза. Но оваа аукција завршува само со едно наддавање. Само со еден клик на електронска аукција.

Цената на договорот е речиси иста како проценетата, цената е намалена за само 1,5%. Некој дебело профитирал!

Се поставуваат многу дилеми, сомнежи и прашања.

Како е можно во услови на тешка економска криза за постапка од приближно 3 милиони евра да влезат на аукција само 3 фирми? И од тие три фирми да нема заинтересирани за наддавање, иако првите понуди им се разликувале за само 1 милион денари?

Од кога приближно 3 милиона евра станаа непримамливи за да се борат фирмите од градежниот сектор за да победат на тендерот?

Дали ова не буди сомнеж дека некој во име на Петре Шилегов не пренел порака за која фирма е тендерот и воопшто да нема борба за цени?

За објаснување- електронска аукција има цел да ги намали цените и да заштеди пари во буџетот. Како пример, параметар, истата фирма која што го добива овој тендер, во 2018 година добива тендер од Град Скопје за Булевар Партизански одреди.

Предвидените 40, 9 милиони денари, по електронска аукција завршува и се прави договор на 13 милиони денари. Истата фирма која што го добива овој тендер со намалување од само 1,5% од првата понуда vo 2018, си ја намалила цената за цели 50%, на пола од првата понуда. На аукцијата имало 8 учесници и дури 43 пати цената е намалувана во борба да се земе работата. 43 пати е намалувана цената во 2018-та, во 2020 само еднаш!

За да се разбере на кои ставки има енормни разлики во цените помеѓу овие 2 договори, ќе наведам примери: -Машински ископ на материјал со утовар и транспорт:

2020г.- 492.5 за м3 2018г. – 163 денари за м3 -Гребење на асфалт 2020г.- 118.2 денари за м2 2018г.- 51 денари за м2.

Набавка транспорт и тампонирање со ист тип дробен камен 2020г.- 1182 денари за м3 2019г. – 484.2 денари за м3, повеќе од двапати. -Асфалтирање, со ист тип на асфалт 2020г. – 103.4 денари за цм/м3 2018г. – 47.7 денари за м2 -Вградување на бетонски рабник (ивичњак) 18/24/100 кои што се продаваат по едно парче од 1м, 2020г.- 1379 денaри за 1м 2018г.- 484.2 денари за 1м, повеќе од двапати.

Доколку можеби се одржала слободна електронска аукција во 2020 за овој булевар, за овој договор како таа во 2018та според овие ставки од истата фирма, веројатноста е вкупната цена дека би се намалила дури за 49%, односно на пола.

Наместо 3 милиони евра, зафатот на крајот Град Скопје би го чинел еден и пол милион евра.

Но така парите би останале во буџет, а сега не би зборувале за Профитер!

Што е уште поголем сомнеж, а тоа е што според ставките во договорот, цените на ставките, на највисоките ставки се речиси дупло поголеми од пазарните цени во 2020 година. Цените на пазарот на ископот на земја, на тампонскиот материјал, на асфалтите како и ивичњаците и денес во 2021 и во 2020, 2019та или 2018 се речиси исти.

Почитувани, пад на цена е возможно само ако тендерот е отворен за сите градежни компании, ако тендерот не е однапред договорен, ако претходно не се праќаат пораки за кого е тендерот и за кој е однапред договорен да го добие и по која цена.

И тука се главните прашања:

Дали на фирмите кои што биле дел од овој тендер и некој Профитер им наложил да не учествуваат на електронската аукција?

Дали Петре Шилегов им ветил работа во друг тендер каде што со неговите “тендерско-профитерски способности” би добиле работа без конкуренција а со тоа и да го намалува колачот којшто треба да се дели?

Почитувани,

Аферата Профитер е преобемна за Петре Шилегов и СДСМ да продолжат без сериозна истрага.

Шилегов со градби и луксузи за 4 години го зголеми имотот за речиси пола милион евра.

Нема полошо од СДСМ за Скопје нема полошо од Шилегов, заклучи Стоилковски.

Локални избори 2021