сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 100
home Вести

Стоилковски: 55.000 работници на улица, а братучедот на Николовски вработен за 100.000 денари?

Стоилковски: 55.000 работници на улица, а братучедот на Николовски вработен за 100.000 денари?

Љупчо Николовски, министерот кој што требаше да се бори со корупцијата е заплеткан во нов сериозен сомнеж дека негови роднини се вработени во јавната администрација. Македонска навигација е државна агенција каде што просечната плата е далеку и неколкукратно поголема од просечната и е докажано легло за партиски и непотистички вработувања на власта на Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Николовски мора да одговори по јавните прозивки за тоа дека негови роднини, чичко и братучеди, се вработени во МНАВ токму во периодот кога тој е на функција која што треба да биде пример за спречување на непотизмот и корупцијата.

За Николовски и вработувањата на негови роднини се докажа и во време кога тој беше министер за земјоделство. Сега Николовски како вицепремиер за наводна борба со високата корупција е должен да соопшти на јавноста и за вработувањата на неговите роднини кога беше во земјоделие, но и дали сега повторно од позицијата на министер ЗА корупција е доведен во судир на интереси со вработувања на негови роднини?

Во време кога 55.000 работници останале без плата и без работа, министрите на Зоран Заев ги вработуваат своите роднини во државната администрација за плати од по 100.000 денари. МНАВ е агенција каде што и до сега беа скандалозно вработувани роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДСМ, без соодветно образование, до степен да постоеја јавувања за притисоци и беа менувани и членовите на комисијата за прием на работа.

Оттука, Николовски е должен да одговори дали ја злоупотребил неговата позиција сега, дали ја злоупотребил неговата позиција претходно, но и дали ќе ја си поднесе неминовна оставка, како личен пример за борба со корупцијата и злоупотребата на позицијата?

Апсурдно е лик како Љупчо Николовски кој што повторно се поврзува за непотизам, да води тело, министерство за борба со корупција. Истовремено, ја повикуваме и ДКСК да го испита случајот, со што ќе ја докажат причината за своето постоење како паралелно тело на министерството на Љупчо Николовски.

Ако Николовски сам си вработува роднини во администрацијата и за него нема одговорност, тогаш и неговото министерско место сметаме дека треба да се укине бидејќи се докажува дека е измислено само тој да зема плата од буџетот, истакна Стоилковски.

Коронавирус