недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 81
home Вести

Стоилковиќ: За македонски концепт зборуваат оние кои се откажаа од името на сопствениот, македонскиот народ и државата

Стоилковиќ: За македонски концепт зборуваат оние кои се откажаа од името на сопствениот, македонскиот народ и државата

“МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ”, за што станува збор?

Во последно време мошне често во јавноста слушаме за некаков “македонски концепт” и ништо не би било чудно да постои таков концепт заснован на реалните потреби на народот и државата, но бидејки секојдневно без усул и човечност се манипулира во јавниот и политички живот, време е да ги разоткриеме носителите на тој/тие концепт и нивните намери. Бидејки навистина за каков македонски концепт станува збор кога државата, а посебно тие што зборуваат за некаков тнр. нов “македонски концепт” на мошне транспарентен и во исто време не уставен и евидентно криминален начин се откажаа без трунка чест и совест и од унитарноста како уставно правна поставеност на државата, името на сопствениот народ и државата, се откажаа и од сопствената историја која од неразбирливи причини ја предадоа на туѓинско толкување, без свест дека не постои народ со било каква перспектива ако истиот нема сопствено историско сеќавање.

Затоа сосема оправдано се наметнува прашањето за кој и каков “македонски концепт” станува збор и како може да промовираат македонски концепт истите тие што се откажаа од македонизмот како природно врзивно ткиво на државата и народот и кога македонизмот после сите нивни дејанија ја изгуби и својата суштина и содржина.

Како може да се верува во тнр. македонски концепт на заговорниците на Тиранската платформа со која падна унитарниот карактер на државата или како да веруваме на рестловите на врховистичките политички кругови кои сосема сигурно ги распознавате како реформатори кои се откажаа од македонската историја, и истата ја предадоа на толкување на соседна држава, а во исто време не се откажуваат од обидите и понатаму да манипулираат и да го слудуваат сопствениот народ зборувајки за “македонски концепт”. Или пак видете го чудото на чудата, за македонски концепт зборуваат оние кои се откажаа од името на сопствениот, македонскиот народ и државата, а сега зборуваат за некаква ГМО творба, мултиетнички народ.

Сосема јасно се гледа дека недостасува и добро е што е така, македонски концепт од српска гледна точка, иако во јавност секако мошне често ќе чуете секакви бљувотини, па дури и од највисоките државни званичници дека ете Србија и Србите се виновни за нивната евидентна неспособност и затскриената лоша намера. Овдека вреди да се спомене дека ние, припадниците на делот од српскиот народ кој живее во Македонија ниту сме биле, нити пак некогаш ќе бидеме дел од некаков мултиетнички народ!

Затоа сосема оправдано се поставува прашањето што беше влогот и кои се придобивките од ваквиот капитулантски пристап, за да може да се верува во тнр. “македонски концепт” на заговорниците на Тиранската платформа со која падна унитарниот карактер на државата, иако од друга страна сосема јасно е дека заради наводната стабилизација на односите со Албанците се ризикуваше, но и се доби разбивање не само на унитарниот карактер на државата туку и апсолутна дестабилизација интро македонскиот корпус, дека заради ЕУ и НАТО интеграциите кои завршија со половичен дебакл се изгуби името на народот и државата како идентитетски елемент, а со тоа и националното достоинство и самопочит и се влезе во процес на апсолутна национална и државна деградација, на сите нивоа, но и дека сосема е нејасна и останува без одговор леснотијата на прифаќањето на договорот со Бугарија, као кобајаги, заради добро соседските односи, но кој долгорочно ќе биде најсилниот и завршен удар во понатамошниот процес на националната деградација на македонскиот народ и државата.

Па сега има ли некој образ и совест, иако станува збор за политика како најстар занат, после сите овие случувања да каже за каков “македонски концепт” станува збор или отворената лага и манипулаторството добиваат јавна легитимација и претставуваат смоквин лист на покровителите на оваа срамна операција.

Затоа станува се поочигледно дека недостасува или попрецизно речено на државата и е потребна една нова национална и државна парадигма која сигурно без голема мака и многу работа нема да може да се рализира секако, но напуштањето на досегашната, која очигледно пропаѓа пред наши очи и претставува проблем со сериозни внатрешни, но и регионални импликации со оглед на тектонските промени во међународните односи не трпи одлагање.

На Македонија и претстои сериозен ремонт, му се допаѓало тоа некому или не! Спремте се, спремте, затоа што политичкиот експеримент продолжува и колку многу ќе му се спротивставуваме, толку повеќе резултати ќе може да очекуваме, сите заедно. Во спротивно…

Фејсбук статус на Иван Стоилковиќ, Претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.