петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

Стоилковиќ со реакција по дипломатскиот гаф на министерот за надворешни работи Димитров

Стоилковиќ со реакција по дипломатскиот гаф на министерот за надворешни работи Димитров

Нема веќе простор ни за политичка, нити за било каква друга коректност, едноставно станува збор за искомплексирана стока на врховистичко-иредентистичка политика на Северна, напиша пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, на својот Фејсбук профил по пишувањата на порталите за, како што велат, дипломатскиот гаф на министерот за надворешни работи Димитров.

– На министерот за надворешни работи на Северна му се допадна идејата дека „Србија треба да гори во пеколот“. Северниот министер може да предизвика дипломатски скандал затоа што на еден коментар на неговиот приватен ФБ профил тој стави лајк на коментарот: „Ние ќе победиме, а Србија ќе гори во пеколот. Саботажата на Србија е историска“. Уште еден непримерен гест на северната влада ќе предизвика бура реакции меѓу Србите во Македонија и ќе биде окарактеризиран како непримерен дипломатски инцидент и нова провокација кон Србија, пишува порталот Срби.мк.