среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 146
home Вести

Стоилковиќ: Престанете да глумите лудило и обратете се јавно до Вучиќ да побарате дел од вакцините кои Србија ги поседува да ни ги отстапи за потребите на нашето население

Стоилковиќ: Престанете да глумите лудило и обратете се јавно до Вучиќ да побарате дел од вакцините кои Србија ги поседува да ни ги отстапи за потребите на нашето население

„ЈАВЕН АПЕЛ! Гледам јас, ама гледа и целокупната македонска јавност дека во Србија денеска покрај до сега пристигнатите, Бионтек-Фајзер вакцината, руската Спутник вакцина, од Пекинг пристигна и Синофарм вакцината во сериозни количини, па наместо да чекате и да барате таму каде нема ми се чини дека е природно да побарате таму каде што има.

Нешто ми се чини дека како со набавката на однапред договорената помош од Србија, со српскиот претседател, за што имам и соодветна преписка, за време на првиот бран на пандемија кога не собравте сили да напишете само едно писмо, иако само тоа се бараше, званичен допис, а на кумановскиот градоначелник најверојатно неко му забранија тој да се обрати, ги паметиме пресметките на таа тема, па затоа и помошта не стигна.

Сега барем поучени од грешките од минатото ви препорачувам да престанете да глумите лудило и да се обратите јавно до српскиот претседател, да не посредувам и да не си играме глув телефон, и да побарате дел од вакцините кои Србија веќе ги поседува да ни ги отстапи за потребите на нашето население. Ќе ви биде одобрена помош во вакцините, знам што зборувам.

Не калкулирајте, постои население, загрижени граѓани, медицински персонал и уште некои категории граѓани, поточно на државата во целина и е потребно да се почне со процесот на вакцинација, бидејки претпоставувам сте свесни што значи историското доцнење на вакцините во однос на непречено одвивање на елементарните функции на државата, општеството и здравјето на граѓаните.“

Фејсбук статус на Иван Стоилковиќ

Најнови вести

Коронавирус