понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Стоилковиќ: Пораст на заразени од скоро 200 проценти, има ли пилот во авионот?

Стоилковиќ: Пораст на заразени од скоро 200 проценти, има ли пилот во авионот?

Претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ преку статус на Фејсбук прашува дали има пилот во авионот кој управува со ситуацијата поврзана со коронавирусот?

ПОРАСТ НА ЗАРАЗЕНИ ОД СКОРО 200 ПРОЦЕНТИ!
ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?
Во Куманово во изминатото деноноќие е забележан пораст на новозаболени, односно позитивни на ковид-19 за двесте насто, од 23 заразени вчера бројот до изутрина скокна на 40, што како податок е застрашувачко само по себе. За алармантноста на ситуацијта во градот не треба посебно да се кажува, сите Кумановчани, или најголемиот број се свесни за состојбите, освен еден мал надобуден дел од граѓанството кое со својот несериозен пристап го доведува во прашање здравјето на другите. Само едно потсетување, пред сѐ до одговорните лица во државата, дека јавното здравје не е приватна работа и дека државата мора да ги употребува своите прерогативи во полн капацитет.
За жал, и Градоначалникот од денеска мора да замине во изолација, иако вчера се договоривме, по потврдата што ја добив за подготвеноста на Србија да упати значајна хуманитарна помош за нашиот град и македонското здравство, да пристапиме кон реализација на истата.
Се надевам дека застојот ќе го отстранам во најкраток можен рок во соработка со некој од носителите на јавни и одговорни функции во државата.
Да видиме кој ќе остане во функција…
На градоначалникот Димитриевски му посакувам жив и здрав, по изолацијата да се врати на своето работно место.
Не треба да Ве потсетувам и дека заради несериозниот пристап кон епидемијата на корона вирусот се доведовме во состојба државата да биде обезглавена, бидејки повеќе од половината на носителите на јавни и одговорни државни фукции се или треба да заминат во изолација, што само по себе ќе ја загрози борбата против епидемијата и уште повеќе ќе го доведе во прашање кредибилитетот на институциите, кој и онака со разни дејанија од разни побуди е доведен во прашање.
Без погрешни толкувања, најголемиот дел од работите останува во наши раце, а тоа е почитувањето на јавните препораки во однос на борбата против епидемијата на корона вирусот. Оставето го инаетот и паметувањето за други времиња, немојте по онаа старата да чекате некој да ви каже да излезете надвор, а Вие за инает да останете во своите домови, стои во неговиот пост на Фејсбук.

ПОРАСТ НА ЗАРАЗЕНИ ОД СКОРО 200 ПРОЦЕНТИ! ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?Во Куманово во изминатото деноноќие е забележан…

Gepostet von Иван Стоилковић am Donnerstag, 16. April 2020

 

Коронавирус