вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Стоилковиќ: Пописот кој ќе се изврши ќе биде противуставен, ако не е потребна графата „национална припадност“, зошто е потребно бадентерово мнозинство

Стоилковиќ: Пописот кој ќе се изврши ќе биде противуставен, ако не е потребна графата „национална припадност“, зошто е потребно бадентерово мнозинство

-Нема да се одржи теренски попис идната година, туку ќе се одржи споредба на информациите кои ги имаат државите институции, со некаква ситна проверка на терен. Што укажува дека некој се обидува пописните резултати да ги усмери во правец на политичка логика која ќе биде спротивна на Уставот и законите на Република Македонија, вели Иван Стоилковиќ, Претседател на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во македонското собрание, вечерва на Алфа телевизија.

Стоилковиќ вели дека бројките одразуваат количество исто и во политиката, количество на добиени гласови, но и количество на права за над и под 20% застапеност на заедници, па по тоа имаме уставни одредби кои не обврзуваат за одредено дејствување, па од тој аспект доведувањето до прашање на пописните резултати нешто не штима во политиката која ни е претставувана изминатиов период.

Тој праша зошто ако графата за „национална припадност“ не е потребна во пописот, зошто е потребно бадентеровото мнозинство?

-Ние како политичка партија имаме сериозни забелешки во однос на пописот и политички барање пред одржувањето на пописот, за кои што се спремаме за обраќање на оваа тема, истакна Стоилковиќ.

Тој вели дека до сега никој не повикал на елементарна координација за одржување на пописот, кој е статистичка операција на државата, па сите фактори треба да бидат вклучени во истиот процес, па по тоа треба попишувачите треба да бидат во мешовит состав.

Коронавирус