вторник, 18. јуни 2019. Вести денес: 49
home Вести

Стоилковиќ: Меѓународната заедница стрпливо избегнува да даде став за политичкиот прогон кој што се случува во Македонија

Стоилковиќ: Меѓународната заедница стрпливо избегнува да даде став за политичкиот прогон кој што се случува во Македонија

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ како гостин во емисијата Отворено истакна дека постои политичка димензија на казните и процесите кои се случуваат, а меѓународната заедница убедливо стрпливо избегнува да даде став и да се изјасни за политичките процеси, посебно за политичкиот прогон што се случува во Република Македонија.

Во однос на притворот на Претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски, Стоилковиќ изјави правото во Република Македонија скоро и да не постои, очигледно е дека станува збор за политичка волја и истата ќе зависи од оние кои ги водат политичките процеси.

Не верувам дека ќе се дрзнат до крај да го стават во притвор господинот Јакимовски затоа што станува збор за претседател на парламентарна партија, опозиона партија која што е сериозен критичар на власта, така да од тој аспект тоа би можело да добие толкување и на западот и Европската Унија не би било прифатено баш на најдобар можен начин, вели Стоилковиќ.

Стоилковиќ вели дека што се однесува до правото и правдата последните неколку години наназад постои сериозен пад или ерозија на институциите на системот и правосудството воопшто не е имуно на ерозијата која што се случува во Македонија.

Тој вели дека власта спроведува една „специјална војна“ која се води во Република Македонија која ги доведува граѓаните во една заблуда за промени која што се обидуваат да ја пласираат.