сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковиќ: И при неуспешен референдум, власта ќе продолжи со имплементирање на договорот со Грција

Стоилковиќ: И при неуспешен референдум, власта ќе продолжи со имплементирање на договорот со Грција

Иако референдумот биде неуспешен, ќе се продолжи со негово имплементирање. И на крајот немате никаква гаранција дека договорот ќе помине во грчкиот парламент,не заборавајте дека и Привремената Спогодба од 1995.г. никогаш не е ратификувана во Грција, вели во интервју за КУРИР, Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

1. За Зоран Заев велите дека е умислен регионален лидер, со политичко слепило, неконзистентност и елементарно непознавање на состојбите во целиот регион. Сепак, во насока на поддршка на Договорот од Нивици, Заев доживува подршка од регионалните лидери. Што Вие им порачувате на Србите во Македонија и на лидерите во соседна Србија?

Како што можете да забележите за разлика од многу лидери во регионот,државното раководство на Република Србија одлучи да не ја отежнува ниту да ја користи тешката положба во која се наоѓа Република Македонија веќе подолг временски период.И тоа не се однесува само на последниот став на Претседателот Вучиќ да не се меша во внатрешните работи на соседната држава со повикување или не повикување за излегување на српската заедница на предстојниот референдум,туку тоа е пракса во Република Србија од 1991 година да се биде коректен и добронамерен сосед и да не се загрозуваат ничии легитимни интереси.Од друга страна господинот Зоран Заев покрај своите декларативни заложби и флоскули за добрососедство и регионална стабилност,Република Македонија ја има претворено во полигон за субверзивни активности кон Република Србија и нејзините легитимни интереси,од страна на некои подземни структури,кои минатото лето резултираа и со голем дипломатски скандал,односно повлекување на амбасадорот од Скопје.Сето тоа е во еден многу сензитивен момент за регионалната стабилност и изнаоѓање на трајни решенија за траен мир на Балканот,што несомнено го легитимира како деструктивен фактор,а Македонија како извор на нестабилност на овие простори,за жал…

2. Како Вие гледате на договорот од Нивици, неговата легитимност, содржина, но и начинот на кој е договорен и понатаму се спроведува во државата?

Најобјективните процени на суштината и содржината на овој договор укажуваат дека Република Македонија има дадено се а за возврат нема добиено ништо.Тоа е само една од низата апсурди кои ги содржи овој документ,кои патем речено не дава гаранции за членство во НАТО,уште помалку во ЕУ, а целиот spiritus movens на оваа операција е токму во тоа,елем погледнете ја манипулацијата со повеќезначното референдумско прашање.Но не е проблемот само во прашањето,имено за потребите на спроведувањето и имплентирањето на овој договор,од неговото потпишување до денес во Македонија се спроведува т.н. “демократска диктатура”, во источноевропската историја позната и како ,”Демократура” каде под плаштот на наводните демократски процеси се донесуваат и спроведуваат насилни,недемократски и незаконити одлуки,кои како што и сами гледате во секоја нова фаза се се порадикални.Сетете се дека законот за договорот не беше ставен на дневен ред на матичната комисија,ставањето европско знаме,имплементирање како што слушаме деновиве на некои негови делови иако не произведува правно дејство,затоа што не е потпишан од Претседателот итн.Сето ова веројатно ќе кулминираат во процесот на менување на уставот на Република Македонија,иако референдумот биде неуспешен,ќе се продолжи со негово имплементирање.
И на крајот немате никаква гаранција дека договорот ќе помине во грчкиот парламент,не заборавајте дека и Привремената Спогодба од 1995.г. никогаш не е ратификувана во Грција.

3. Што добива а што губи Македонскиот народ, што губат Србите во Македонија со еден ваков текст на Договор како овој од Нивици? Колку тие ревизии на Уставот и на научните и образовни текстови и помагала се штетни по идентитетот но и идентитетот на Србите во Македонија?

До отварањето на последниве преговори,многу прашања во врска со македонскиот идентитет кои се сметаа за решени и затворени,со овој договор се поништија и ја отворија Пандорината кутија на апсолутно и неповратно поништување на истиот со сите досега стекнати права и воспоставување на нова,недефинирана нација.

Видете,идентитетските прашања во овој контекст се премногу болни за секој поединец,народ и држава.Договорот предизвика голема,драматична подела внатре во македонскиот народ,така да е многу неблагодарно да се зборува за тоа.Проблемот за нас е што таа подела ќе ги избрише помалите заедници од јавниот и политичкиот живот,поради тоа што помеѓу оправдано фрустрираниот македонски народ кој губи скоро се и оние кои денеска се нарекуваат власт,ние Србите ќе немаме што и од кого да бараме.Но она што е најлошо,оваа ситуација оди рака под рака со реализацијата на Тиранската платформа и договорот со Бугарија,два исклучително антисрпски документи,катастрофални по идентитетот на Србите во Република Македонија.

4. Има ли притисок, трпат ли притисок Србите во Македонија од власта и нејзиниот репресивен апарат за присилба, што со „платичка“ како вели Зоран Заев, што со закани, да се излезе на референдумот?

Не треба да се биде наивен,притисоци има и ќе има уште повеќе.Но без разлика, нашиот став е дефиниран уште пред повеќе од година дена,Србите нама да учествуваат во злосторството кон македонскиот народ и држава,нема да бидеме кумови без благослов.Сметам дека е многу битно,без разлика на исходот од овој проект,да се знае какви се нашите размислувања и зошто се такви какви што се.Сосема е погрешен пристапот на владеачкото мнозинство,кое околу овој и ваков договор има потреба да ги конфронтира помалите етнички заедници со мнозинскиот македонски народ,притоа не бирајќи седства и методи.Затоа и нашиот став го дефиниравме со старата мудрост “Немој да му го правиш на друг,она што несакаш тебе да ти го прават”

5. Вие сте дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што Договорот од Нивици го оценува како погубен за Република Македонија. Неодамна оценивте дека „за жал Македонија е вратена во ’90-тите години на минатиот век“. Долго сте во политиката, што е тоа што ве навраќа на ‘90тите?

Македонија за жал,повторно исто како и во деведесетите години станува сигурна куќа за секој антисрпски гест и акција,рамо до рамо со некои докажани антисрпски центри во регионот,со тоа зацврстувајќи ја својата намесничка власт и извршувајќи ги превземените обврски кон своите покровители.Тоа е ситуација во која што и да направите поготово ако е нешто лошо,се повикувате на Србите и Србија и со тоа ги “пеглате” грешките во сопствената политика.Знаете српскиот народ во изминатите десет години стана значаен политички чинител во македонското општество,а ако на тоа се додаде и јакнењето на позицијата и угледот на Република Србија во меѓународни рамки јасно е дека тоа на некои центри прилично им пречи,односно таквата ситуација ја гледаат за опасност во остварувањето на некои свои агенди и планови.Можеби во некои сегменти успеваат во тоа,но мислам дека тоа е привремено, тркалото на историјата е тргнато во сосема друг правец и многу скоро ќе ги прегази…

Најнови вести

Коронавирус