недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковиќ: Чекавме три дена за да видиме дали Пендаровски и Заев ќе изразат сочувство за загубата на патријархот Иринеј, но тоа не се случи

Стоилковиќ: Чекавме три дена за да видиме дали Пендаровски и Заев ќе изразат сочувство за загубата на патријархот Иринеј, но тоа не се случи

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ преку статус на Фејсбук се прости од патријархот Иринеј, но и ја искритикува власта предводена од Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски кои не и изразија сочувство на соседна Србија за загубата на патријархот.

-Изразувањето на сочуство спаѓа во правилата на убаво однесување, домашно воспитување и претставува општествена норма која треба да се почитува, посебно ако сте носител на важна и одговорна функција во државата.

Но, кога не постои елементарно домашно воспитување и минимум сериозен однос кон функцииите кои ги извршувате тогаш ќе се случи онаа што на нас веќе во серии ни се случува, понижувачко однесување, очигледно намерни превиди па и нешто повеќе од тоа. Но после ваквото однесување треба да се каже дека нема вода која може да ви го испере срамот, а лажните спинови дека некој друг, а не не Вие двајцата лично, Пендаровски и Заев сте виновни за “нивото” на односите помеѓу двете држави и двата народа ќе личи на уште една Ваша несолена шала.

Како на Путин, Помпео, Макрон и други далеку поважни политички лидери не им се случи да не изразат сочуство на нивните колеги од Србија и српскиот народ по повод упокојувањето на Патријархот на Српската Православна Црква, Иринеј, а на Вас како нели најблиски соседи, православци нели, ви се случува. Сведоци сме дека претходното раководство не само што не се двоумеше туку и тогашниот Претседателот Иванов дури и присуствуваше на погребот на Патријархот Павле.

Чекавме да поминат трите дена на жалост во Србија надевајки се дека сте направиле превид па ќе се поправите, меѓутоа бидејки не станува збор за превид туку намера, сакаме од наша страна да остане забележана оваа Ваша недоветност и недоделканост која повеќе од се зборува за Вас самите, но за и Вашиот однос кон целокупниот српски народ, чиј дел дел сме и ние Србите во Македонија и Србија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Изразувањето на сочуство спаѓа во правилата на убаво однесување, домашно воспитување и претставува општествена норма…

Posted by Иван Стоилковић on Понеделник, 23 ноември 2020

Коронавирус