петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилков: Министерот за земјоделие мора да ги слушне земјоделските производители од Ново село

Стоилков: Министерот за земјоделие мора да ги слушне земјоделските производители од Ново село

Сведок сум и на времето кога работеа фабриките, и кога луѓето остануваа без работа, или кога земјоделците имаа услови и периодот кога немаа. Сведок сум кога функционираа и две дискотеки и Ново село живееше, беше жива општина, но и атракција во регионот.

Сега сакам да го направам Ново село како што беше, а потоа да одиме чекор напред, рече кандидатот за градоначалник на Ново село од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков на гостувањето на телевизија 24. Според него граѓаните имаат сериозен проблем и со водоводниот и канализацискиот систем и тоа во сите населени места, водата е бактериолошки неисправна за пиење. Акцент треба да се стави и на земјоделието.

-Она на што треба да се стави акцент е земјоделието, бидејќи околу 90 проценти од жителите се занимаваат со земјоделие. Тие имаат ниска заработувачка само за да се преживее, а за да набават репро материјали мора да влезат во долгови, и тука треба да се излезе во пресрет, рече Стоилков. Тој посочи и конкретни мерки кои ќе ги преземе.

-Прва работа што ќе ја направам за земјоделците е договорен откуп или окрупнување на производство, второ, планско, а не стихијно производство, и трето, градење на ладилници кои ќе придонесат да се зачува квалитетот на производот, рече Стоилков. Стоилков посочи дека најголем проблем не е дека не знаат да произведат земјоделците, туку тоа што нема гарантиран откуп. Власта тука треба да обрне внимание, рече тој додавајќи дека чудно е бостанот да биде еден денар, а министерот да не сака да ги слушне производителите како што беше лани

Најнови вести

Коронавирус