среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стоилков: Ќе ги задржам младите во Ново село

Стоилков: Ќе ги задржам младите во Ново село

Во општината има голема импровизација, не е чудно што даночните приходи не се собирале согласно вообичаена динамика, рече кандидатот за градоначалник на Ново село од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков на гостувањето на телевизија 24. Според него жителите на општина на Ново село се најмалку виновни за ситуацијата, лошото менаџирање ја доведе општината во лоша ситуација.

-Тоа што доаѓам од партија што е во опозиција не гледам зошто да биде хендикеп, треба да се работи заедно со жителите и не гледам зошто некој би имал против тоа, рече Стоилков. Според Стоилков пресудата за нелегален шверц на цигари за претходниот градоначалник, Боро Стојчев, е нешто што воопшто не и било потребно на општината. Но, како што посочи негово сега е да стави акцент за подоби услови за живот на населението, бидејќи како што рече запрепастен е од актуелната ситуација.

-Младите сега само се интересираат до каде е изработката на бугарскиот пасош за да заминат, тоа го прават дури и оние кои имаат работа во Ново село. Кога ќе ги прашам зошто велат несигурност, лош здравствен систем, образовен систем… Процесот на иселување не е на повидок да запре и тоа е индикатор дека работите не одат на добро. Затоа мојот основен мотив е да ги задржам, да запре иселувањето, а тоа е можно само со развој на општината, сакам да ја видам општината како што ја паметам кога беше силна и развиена, рече кандидатот за градоначалник на Ново село од ВМРО-ДПМНЕ. Вели ќе ги задржи младите во Ново село, но како што посочи потребна е поддршката и од пензионерите, оние кои се занимаваат со земјоделие, а очекува поддршка и од дијаспората.

Коронавирус