петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Сточарите од Новаци излегоа на протест: Бараат поголема откупна цена на млекото и исплаќањето на заостанатите субвенции

Сточарите од Новаци излегоа на протест: Бараат поголема откупна цена на млекото и исплаќањето на заостанатите субвенции

Сточарите од Пелагонија со блокирање на Новачкиот пат денеска излегоа на четвртиот протест бидејќи како што велат трошоците за производство на млеко постојано растат, а откупната цена на млекото со години е иста од 16 до 21 денар во зависност кој какви привилегии и врски има.

Како што велат власта нема слух и сеуште не ги плаќа субвенциите за 2019 година барајќи ги ветените пари за субвенции што законски им следуваат.

-Денеска сме тука собрани да му кажеме на министерот, да и кажеме на владата, на старо новиот заменик министер дека ние како сточари немаме земено целата 2019 година, еве цела ќе заврши 2020 година, плус не знаеме дали месеци од 2020 година за време на короната, кои тие велеа ќе ги пријават млекарите, ние имаме информација дека не се пријавени тие, бараме да ни се исплати цела 2019, пола 2020 година и субвенциите за по грло за 2020 година, вели еден сточар.

На протестот можеа да се слушнат разни проблеми, но и многу песимизам на тукашните фармери околу нивната натамошна судбина.

-Сточарството во Македонија се уништува и немаме излез, немаме сила и нашите деца не сакаат повеќе во сточарството. Еве ќе кажам дека премерот Заев од село Муртино и тој како земјоделец, како од огништето на селото, не дојде да кажи еднаш дека ние сега ќе му помогнеме на селанецот, вели загрижен сточар.
Власта наместо да ни помогни, таа се зголемува. Шарен јазик, син јазик само дополнителни давачки, а доколку тоа кај нас го нема. Струјата, па се е поврзано со струјата, ако не е таа струја ние како ќе ги одржаваме кравите од молзење од се и за нас веќе не остана и нардоски речен ни изметот, поточно ни лепешката вели револтиран сточар од несоодветниот третман на владата со сточарството во државата.

Се појасно е дека разочараноста има основ, а тоа го потврдува и фактот што огромен број на сточари во Пелагонија ги затворија своите фарми, а како што велат само во Могила не така одамна над 300 куќи сточареле а сега останаа уште 30 фамилии.

Сточарите поставија ултиматум за исплата на субвенциите од 7 дена, а во спротивно рекоа дека ќе следат радикални мерки од сите сточари во државата.
Од подрачната единица за земјоделие, велат дека субвенциите за 2019 година ќе се исплатат по ребалансот на Буџетот, додека субвенциите за 2020 година ќе се исплаќаат во 2021 година.

Коронавирус