вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 64
home Вести

Сточарите на протест си ги бараат субвенциите за 2020 година- највуваат блокади на патишта

Сточарите на протест си ги бараат субвенциите за 2020 година- највуваат блокади на патишта

Поголема група сточари од северозападниот регион денеска одржаа протестен собир на кој од државните институции побараа да им бидат исплатени субвенциите за добиток за минатата година.

Доколку, нивните барања не бидат прифатени, тие за крајот на неделата најавуваат блокади на државните патишта.

Сточарите од тетовско, гостиварско, кичевско дебарско се револтирани од доцнењето на финансиската поддршка и сметаат дека се изманипулирани и досега добиле само ветување.

Сточарите, меѓу кои најбројни беа оние што одгледуваат овци, посочија дека состојбата во која се наоѓаат е сериозна и дополнително отежната заради пандемијата.

Упатуваат апел до Платежната агенција и Министерството за земјоделство да ги земат предвид нивните барања. Доколку не бидат исполнети до дадениот рок најавуваат, продолжување на протестите со порадикални мерки како блокирање на патишта.

Сточарите кои денес протестираа одгледуваат над 180 илјади грла овци, за кои од државата треба да добијат над три милиони евра финансиска поддршка. Субвенцијата за едно грло се движи околу 900 денари, а за чување на женско јагне таа достигнува 2.400 денари.

ЕУРО 2020

Македонија