сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

Тежок ден и вознемирувачка ноќ за граѓаните од цела Македонија. Жителите на Кочани се соочија со голгота кога пожарот почна да се шири кон куќите и зафати огромна површина.

Сепак, по паниката и стравот, некаде околу полноќ стигна добра вест – состојбата е ставена под контрола.

Две куќи се изгорени, но за среќа се успеа да се спречи ширењето кон централното градско подрачје, рече градоначалникот Илијев, кој додаде дека од сите околни општини и од градот Скопје пристигнала помош

Најважно од се е што, за среќа, нема човечки жртви. Но, лекарска помош побарале околу 10 лица. Дел од нив биле подобро и пуштени се дома, а 5 се задржани во болница. Еден од нив бил пожарникар.

Директорот на болницата во Кочани, Александар Серафмов, за ТВ 24 вели дека задржаните пее лица добиваат соодветна терапија и се надвор од животна опасност. Дополнително појасни дека болничките екипи се излезени на терен и дека ќе останат будни во случај на дополнителна потреба.

-Тимот е подготвен да понуди лекарска помош и очекува доколку продолжи пожарот, да има дополнителни јавувања за помош, изјави Серафимов.

Огнот уште не е целосно изгаснат, но како што велат градоначалниците на Кочани и Скопје, истиот е ставен под контрола.

Вечерва сите во таа околина ќе останат будни и внимателни. Пожарникарите ќе бидат таму да спречат ново проширување, а утре очекуваат и помош за справување со состојбата.

 

Коронавирус