петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Стевчо го прашува Стево: Ќе испрати ли Пендаровски член од своето семејство во избирачки одбор?

Стевчо го прашува Стево: Ќе испрати ли Пендаровски член од своето семејство во избирачки одбор?

Го слушнавте ли претседателот Пендаровски што кажа: Вонредна состојба воведувал три пати за да ја спасува владата а не народот., пишува лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

„Вонредната состојба ја носел за да и овозможи на владата да се задолжува, да носи закони, да прави ребаланс, да набавува но не биле како директна причина за вонредна состојба бројот на заболени и починати. Невидено од 130 уредби со законска сила само 40 се однесуваат на коронавирусот.

Зарем требаше да кркаме вонредна состојба за платите на СЈО, за дозволите за производство на марихуана, за извоз на небрусени дијаманти, за назначување на судии и што ли уште не. Вонредна состојба воведовме со 16 заболени и мислам дека беа нула починати. Колку што се сеќавам за една недела имавме тројца починати, за две недели шест, за три недели дванаесет, за четири недели седумнаесет а сега само за една недела имаме повеќе од 20 починати.Тој добро знае дека ако ја каже вистинската причина за воведување на вонредна состојба а тоа е за да се намали бројот на заболени од Ковид-19 тогаш би се барало од него одговорност, зошто повторувам со 16 дневно заболени воведовме вонредна состојба а со 175 ја укинуваме.

Извинете претседателе како да ве сметаме претседател на сите кога во вашите одлуки ви се препознаваат и те како партиските сугестии и интереси од вашата партија а најмалку се препознава интересот на сите граѓани.

На крајот го молам претседателот нека ни одговори дали ќе испрати член од неговото семејство да учествува во избирачки одбор кој ќе влезе во некој дом на заболен за да тој го изврши своето гласачко право“, прашува на ФБ Јакимовски.

Коронавирус