вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија: Во која ставка со ребалансот е предвидена обука на пилоти за 300 лица од Арачиново

Стевананџија: Во која ставка со ребалансот е предвидена обука на пилоти за 300 лица од Арачиново

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија посочи дека има вчера имаше едно скандалозно ветување од премиерот Заев дека само од Арачиново ќе имало вработено 300 пилоти без друг помошен технички персонал на пример стујардеси или механичари.

-И бидејќи добро го разбирате буџетот сакам да ве прашам во која ставка со ребалансот е предвидена обука за овие 300 лица од Арачиново, или пак во другите населени места низ Скопје како што им било ветено на тие 300 луѓе кои што се надеваат дека треба да егзистираат како пилоти, запраша Стевананџија.

Стевананџија замоли да се одговори на ова прашање, каде се тие средства, колку се и од кога започнува обуката, за да можат овие луѓе да се пофалат дека тоа што им е ветено е реализирано.