четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Стевананџија: Поради непочитување на деловничките одредби предлагам неколку точки од денешната седница да бидат тргнати

Стевананџија: Поради непочитување на деловничките одредби предлагам неколку точки од денешната седница да бидат тргнати

Димитар Стевананџија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека предлага предложените точки од дневниот ред бр. 11 и 12 да бидат тргнати од денешната седница.

-Предлагам предлог на Законот за именување на законот за македонската академија на науките и уметностите кадешто се бара преименување и на оваа институција, иако не беа такви ветувањата и следната точка предлог на закон за изменување на високо образовни останови за образование на наставен кадар во предучилишне образование, основно и средно обрзование бидејќи според член 140 од Деловникот  за работа на собранието на Република Македонија да бидат тргнати од денешниот дневен ред, побара Стевананџија.

Тој посочи дека три дена пред одржувањето на пленарната седница  треба да бидат закажани одржани комисиите.

-Но, по однос на овие предложени точки од дневниот ред бидејќи немаше комисии и не се испочитуваа деловничките  одредби предлагам  овие точки да бидат тргнати од оваа седница којашто денеска ќе почне, за наредната ако е испочитуван Деловникот нема проблем ќе ги дискутираме, истакна пратеникот.