среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Стевананџија: Единствена мерка што ја презеде владата за спречување на загаден воздух е вработување на 10 оџачари

Стевананџија: Единствена мерка што ја презеде владата за спречување на загаден воздух е вработување на 10 оџачари

Пратеникот Димитар Стевананџија при гостувањето на емисјата „Само вистина“се заблагодари на водителката за поканата и при тоа во интерес за добра дебата сакаше дебатата да ја започне со мал подарок, а тоа е маска бидејќи воздухот е енормно загаден.

Прифаќајќи го предизвикот да бидам гостин со колегата кој е претставник на „Шарената револуција“, се потсетив на некои настани од минатата година кога тој борејќи се да придонесе за почиста средина, за почист воздух беше еден од најактивните борци.

Но ме зачудува што за 12 месеци го нема да го прави тоа истото и тоа во моменти кога Скопје стана лидер, европски првак во загаденост пред Неапол, пред неколку градови од Албанија. А, на светско ниво Скопје стаса да биде 6-ти најзагаден град, појасни Стевананџија.

Стевананџија образложи дека со исклучени базни станици во Скопска Железара и Лисиче го освоивме 6-тото место како најзагаден град во светот, зад Лахор Пакистан, Њу Делхи во Индија и три градови од Кина. Скопје значи по нешто стана препознатлив. А, единствена мерка што ја презеде градоначалникот и владата е вработувањето на 10 оџачари кои што треба да го намалат овој проблем со кој што се соочуваат граѓаните, посочи Стевананџија.

Коронавирус