понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 178
home Вести

Стевананџија до СДСМ: Со ваквиот катастрофален економски развој тешко граѓаните ќе преживеат

Стевананџија до СДСМ: Со ваквиот катастрофален економски развој тешко граѓаните ќе преживеат

Димитар Стевананџија, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија и реплицираше на пратеничката на СДСМ, Милева Ѓоргиева дека со својот говор малкуте симпатизери на СДСМ ќе дојдат до констатација дека се обидува да ја спаси катастрофалната политика на владата.

Но дајте да бидеме реални и да се вратиме во тоа што денес се случува во нашата татковина. Овој буџет не овозможува повеќе пари кај граѓаните и подобар живот. Две години има се помалку пари и животот е се полош. Заради зголемените даноци, зголемената акциза и зголемената цена на нафтата, посочи Стевананџија.

Стевананџија запраша каков тренд е тоја на раст на платите од 5% дури во ноември, како ќе преживеат наставниците, професорите, административните работници до ноември, кога платата ќе им ја покачите за само 5%.

Тешко дека граѓаните ќе преживеат со овие цени. И со ваквиот катастрофален економски развој до тогаш, верувајте, нагласи Стевананџија.

Коронавирус