вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Вести

Стерјоска Локвенец до Јованоски: Уште колку членови од вашата фамилија треба да се вработат и да добијат убави партиски раководни места?

Стерјоска Локвенец до Јованоски: Уште колку членови од вашата фамилија треба да се вработат и да добијат убави партиски раководни места?

Во текот на вчерашната седница на советот на Општина Прилеп, беше донесена одлука за формирање на ново претпријатие за енергетика. Ако се земе предвид фактот дека Прилеп е далеку од гасификација, дека во нашата општина немаме потрошувачи, корисници на гас, јасна е целта за постоењето на едно вакво претпријатие во кое ќе треба да се вдомат партиски кадри од редот на СДСМ, истакна Ирена Стерјоска Локвенец.

-Во текот на вчерашната седница, именуваниот директор Игор Спиркоски кој ќе треба да застане на чело на ова претпријатие, соопшти дека истиот бил во роднинска врска со градоначалникот Илија Јованоски. Истото лице го потврди фактот дека се уште е далеку протекувањето гас во нашиот град и најверојатно до крајот на мандатот на градоначалникот. Оваа локална власт предводена од СДСМ досега покажа дека е успешна само во една работа, а тоа е вработувањето на роднини и пријатели на високи партиски функционери, во јавните претпријатија, на убави и раководни места. За жал, не само што оваа практика на непотизам не престанува, туку истата продолжува, овој пат без срам, на штета на обичниот граѓанин кој едвај врзува крај со крај, заработувајќи го чесно парчето леб, рече Стерјоска Локвенец и додаде:

„Животот кој го ветуваа предизборно, дојде за неколкумина најблиски. Иако во овој момент во Прилеп, нема апсолутно никаква потреба од едно вакво ново претпријатие, сепак некој решил дека покрај трупање на општината и останатите институции со нови кадри блиски до СДСМ, потребно е да се формира уште едно претпријатие за нивно вдомување. Како што тргнале да размислуваат градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет, Талески ништо чудно во иднина да формираат претпријатие кое ќе биди на границата на научна фантастика при тоа губејќи ја реалноста на градот“.

И додека оваа локална власт, подвлече таа, има мизерен процент на реализирани проекти, општината ќе треба да издвојува пари од буџетот за финансирање на ова ново претпријатие, или поточно ќе се трошат пари на плати за партиски војници.

-Градоначалник, уште колку членови од вашата фамилија треба да се вработат и да добијат убави партиски раководни места? За доброто на сите нас, за доброто на Прилеп и Македонија треба што поскоро да заврши ваквата политика на СДСМ.