петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Степановски со обвинување кој директорот на ЈП Водовод Битола

Степановски со обвинување кој директорот на ЈП Водовод Битола

Незнаењето, неработењето, неодговорноста не се одлика само на првиот образ на СДСМ градоначалничката Наташа Петровска, туку и на нејзините најблиски соработници – директорите на локалните јавни претпријатија.
Овој пат станува збор за директорот на ЈП Водовод кој се поставува над сите закони и сите одлуки кои ги носи Советот на општина Битола. Одлуката што во септември оваа година беше донесена од Советот за повисока плата од 5% на вработените, не се почитува веќе два месеци од страна на директорот, па со полно право работените прашуваат кој и зошто му дозволува на директорот да биде над сите инстанци и одлуки и да манифестира такво самоволие, ја прашуваат Наташа Петровска од кои причини тоа го толерира и на тој начин аминува незаконско работење од директорите кои таа лично ги именува.
За жал, ова не е единствениот проблем во ЈП Водовод, па затоа вработените ја повикуваат и градоначалничката Петровска, но и надлежните инстанци да проверат кому и како во ова јавно претпријатие им се исплаќаат додатоци на плата, дали тоа е законски или по лично наоѓање на директорот и негова лична желба.
И на крајот, бидејќи очигледно Петровска не сака, не може и не е во состојба да ги контролира директорите кои сама ги поставува, единствениот начин е да си оди и да си поднесе оставка.
Доста е! Ваква локална самоуправа не ветувавте, Наташа и ти и твоите директори, ОДЕТЕ СИ!!! Напиша Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус