недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 36
home Вести

Стејт департментот: Се надеваме на позитивна одлука за Македонија и Албанија до мај наредната година

Стејт департментот: Се надеваме на позитивна одлука за Македонија и Албанија до мај наредната година

САД изразија незадоволство и разочарување, откако Европскиот совет не донесе одлука за датум за почеток на преговори за Македонија. Стејт департментот преку соопштение, порача дека САД ја поддржуваат посветеноста на Македонија и Албанија за трансатлантската интеграција и аспирации за влез во Европската унија.

–Разочарани сме што Европскиот совет не ги прифати многу силните реформски напори на секоја земја со тоа што се согласија да започнат преговори за пристапување во овој момент. Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто ќе се спротивстави на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница. Признаваме дека Европскиот совет не кажал „не“ ниту на Албанија, ниту на Македонија, ниту ЕУ воспостави нови услови за започнување на пристапните преговори. Се надеваме дека Европскиот совет добро ќе постигне консензус за позитивна одлука за обете држави пред самитот ЕУ-Западен Балкан следниот мај – се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Во соопштението, исто така се вели дека Соединетите држави ќе останат стратешки партнер на Македонија и Албанија, бидејќи, како што се наведува, тие продолжуваат со својата работа за зајакнување на владеењето на правото, понатамошните напори за борба против корупцијата, развој на нивните економии и борба против организираниот криминал.

–Ние ги охрабруваме обете држави да останат цврсти во градењето на транспарентно, правилно, демократско општество одговорно на потребите на граѓаните. Соединетите држави ќе продолжат да работат со европските партнери за да ги унапредат споделените цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан – стои во соопштението на Стејт департментот.