четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Стејт Департмент застана во одбрана на новинарите Љупчо Златев и Александар Митовски кои власта ги гони за оддавање државна тајна

Стејт Департмент застана во одбрана на новинарите Љупчо Златев и Александар Митовски кои власта ги гони за оддавање државна тајна

Стејт Департменот, односно највисоката институција за надворешна политика на САД, застанаа во одбрана на новинарите Љупчо Златев и Александар Митовски, кои се гонети од страна на власта поради оддавање на државна тајна, посочувајќи дека се прекршени граѓански права во нивниот случај.

– Владата ги гонеше новинарите во текот на годината за откривање на доверливи или класифицирани документи. На 4-ти март, скопскиот Кривичен суд го осуди новинарот Александар Митовски и го осуди на шест месеци условна казна затвор за откривање доверливи документи поврзани со кривичната истрага „Рекет“. Тој ја објави првата страница од изјавата на сведок на неговиот портал, „Инфомакс“, во август 2019 година. На 30-ти јули, ОЈО поднесе обвинение против Љупчо Златев, уредникот на финансиска новинска агенција „Лидер“, за откривање на класифицирани документи од Агенцијата за национална безбедност во два текста на порталот објавени во јули, се вели во извештајот на Стејт Департменот.

Целиот извештај може да го погледнете ТУКА.

Коронавирус