четврток, 5. октомври 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стејт Департмент: Народниот правобранител констатира прекршување на правото на имунитет при апсењето на пратениците

Стејт Департмент: Народниот правобранител констатира прекршување на правото на имунитет при апсењето на пратениците

Стејт Департментот во извештајот за човековите права за 2017 година во Република Македонија бележи дека народниот правобранител констатира прекршување на правото на пратенички имунитет и пресумпцијата на невиност при апсењата за настаните од 27-ми април од страна на полицијата.

Во извештајот исто така се наведува и непочитување на неговите забелешки и препораки од страна на МВР и министерот Оливер Спасовски. – Тој даде препорака дека МВР треба да отвори истрага за однесувањето на инволвираните полициски службеници и запраша дали судот воопшто има овластување да даде налог за апсење на лица со пратенички имунитет без истиот претходно да биде одземен, стои во извештајот.

Стејт департментот наведува дека и покрај ваквите забелешки на Народниот правобранител министерот Оливер Спасовски изјавил дека полицијата при приведувањето на пратениците постапи законски по налог издаден од судот.

Непочитувањето на забелешките е јасен показател дека СДСМ и Спасовски не ја почитуваат самата институција Народен правобранител и ги потврдува сомнежите за партиска монтирана конструкција на целиот случај.

Забелешките на Народниот правобранител Иџет Мемети се констатирани и во неговиот годишен извештај за 2017 година, каде покрај непрофесионалноста на полицијата при апсењето на пратениците се наведени уште осум други претставки за приведувањата за настаните од 27-ми април меѓу кои и за приведувањето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

Во годишниот извештај на Мемети  стои дека полицијата постапувала непрофесионално и нехумано со што на приведените им било повредено човековото достоинство.

Најнови вести