сабота, 10. април 2021. Вести денес: 64
home Вести

Стефоска призна дека не работи: Јас сум многу повеќе во улога на администраторка отколку министерка која креира културни политики

Стефоска призна дека не работи: Јас сум многу повеќе во улога на администраторка отколку министерка која креира културни политики

„Во право сте, првите шест месеци јас сум многу повеќе во улога на администраторка отколку министерка која креира културни политики. Мислам дека ќе ни треба уште малку време да дојдеме до таа позиција и во министерството, и кабинетот итн.“, рече министерка за култура Ирена Стефоска во емисијата „Вин вин“.

-Министерката за култура Ирена Стефоска најавуваше и револуционерен пресврт во заштитата на културното наследство како сегмент од културата кој е ислучително значаен за трајните културолошки вредности на Македонија, но најавеените „големи“ средства, со ветени над 100.000.000 ден, не се остварија, рече Зоран Љутков на прес конференција на 25.02.2021 година.

Сепак критиките од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш се остварија. Дури и водителката на емисијата „Вин вин“ и рече на Стефоска дека власта се однесува како прв пат да доаѓаат на власт, а не дека смениле министер за култура.

-Госпоѓа Стефоска, Вие сега ми зборувате како да е 2017-та година, како прв пат оваа екипа да доаѓа на власт. Вие сега безмалку ми зборувате како да зборуваме за трансфер на власт од една кон друга екипа, а само се работи за промена на министерско столче, рече Оливера Трајковска.

Коронавирус