понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Стефановска Јовчева: Наместо да пропагира образование во ЕУ, градоначалничката Петровска да се зафати со решавање на реалните проблеми во образованието во општина Битола

Стефановска Јовчева: Наместо да пропагира образование во ЕУ, градоначалничката Петровска да се зафати со решавање на реалните проблеми во образованието во општина Битола

Втора учебна година започнува под раководство на оваа влада и втора година на неисполнети обврски, тотален хаос и безидејност. Иако и локалната и централната власт имаа доволно време да се екипираат и да ги обезбедат потребните учебници, се уште нема учебници целосно, за 6 одделение две години се чекаат нови учебници, а децата сеуште користат прастари учебници од 2009, 2010 и 2011 година. За останатите одделенија нема нови учебници по оние предмети по кои минатата учебна година МОН ги повлече од употреба, но не знаеме колку години ќе им се потребни за да ги заменат со нови, истакна Марина Стефановска Јовчева од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Иако не се обезбедени никакви нови учебници, освен оние кои останаа како наследство од претходната власт, за СДСМ важно беше да се порачаат целокупните тиражи на учебници кои се веќе во употреба, а се набавени во 2016 година. Не го набавувате она што го нема бидејќи ќе мора реално да го обезбедите, туку се зафативте со порачки и набавки на она што веќе го има за да можете само да ги извлечете парите од министерството, за нешто што не мора никогаш да го испорачате, рече Стефановска Јовчева и додаде:

„26 септември 2018 проблемот со бесплатниот превоз на учениците сеуште не е решен. Иако им е загарантиран со закон, родителите на учениците кои што немаа превоз и во претходната учебна година, а и во оваа сами ги сносат трошоците.

Градоначалничката Наташа Петровска во предизборната кампања, во директни обраќања до учениците, ветуваше и лажеше, дека ќе обезбеди:

  • Енергетска ефикасност во училиштата.
  • Финансиска помош на најранливите категории, односно дека Општината ќе ги помогне најзагрозените семејства преку обезбедување на дел од наставните помагала и материјали.
  • Безбедност во училиштата. Поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација околу училиштата, како и поголемо присуство на сообраќајната полиција.
  • Локалната самоуправа ќе обезбеди и обезбедување на училиштата што нема да го плаќаат родителите како до сега.“ итн.

И по една година на власт, ништо од ова не е исполнето. Напротив, и она кое што дотогаш го имаа учениците и кое што им следува со закон-сега го немаат, немаат учебници, немаат превоз. Немаат дури ни пешачки премини пред училиштата, затоа што беа исцртани само дел, а и тие веќе се избришани“.

Освен отпуштање на стотина просветни работници, потенцираше таа, само затоа што не беа истомисленици со власта и нивно заменување со блиски роднини на градоначалничката и партиски припадници на СДСМ, друго ништо не е направено.

-Ја прашуваме градоначалничката Петровска, кој и даде мандат да води кампањи и трибини за Европска Македонија? Наместо да пропагира образование во ЕУ, да се зафати со решавање на реалните проблеми  во образованието  во Општина Битола, од каде што и самата таа доаѓа, односно да започне да го работи она за што доби мандат од граѓаните. Да започне да се однесува како градоначалник на сите граѓани на општина Битола, а не само на партиските членови на СДСМ.

Најнови вести

Коронавирус