недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Стефановиќ: Пациенти губиме за секунда и по 8 недели лекување

Стефановиќ: Пациенти губиме за секунда и по 8 недели лекување

Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стефановиќ во емисија на ТВ 21 вели дека очекувано е бројот на смртни случаи да биде поголем со оглед на бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти.

– Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспаретност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност. Се соочуваме со исклучително тешки пациенти на самиот прием кога е навистина тешко да се помогне и да се спаси пациентот, но исто така и гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда, рече Стефановиќ.

Коронавирус