среда, 28. јули 2021. Вести денес: 170
home Вести

Стефанова Стојановска до Шилегов: Во Аеродром ветивте изградба на гимназија, а од истата нема ни трага ни глас

Стефанова Стојановска до Шилегов: Во Аеродром ветивте изградба на гимназија, а од истата нема ни трага ни глас

На денешната седница на Советот на градот Скопје советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Стефанова Стојановска упати три прашања до градоначалникот Петре Шилегов во однос на изградба на гимназија во општина Аеродром, скопскиот аквадукт и развојот на спортот во Скопје.

„Би сакала да упатам три прашања до градоначалникот на кои очекувам усмен одговор, просторот околку скопскиот аквадукт кој често е запуштен со голем број диви депонии, а несомнено е дека овој локалитет заслужува да се врати на туристичката мапа на градот Скопје во полн сјај, бидејќи станува збор за редок споменик на културата токму затоа прашувам каде се планираните активности за целосна ревитализација за заштита и конзервација на скопскиот аквадукт“, истакана Стефанова Стојановска.

Стефанова Стојановска упати и прашање во однос на изградбата на гимназијата Кузман Јосифовски – Питу во општината Аеродром.

„Би сакала да знам дали може да се очекува да се почне со градба новото училиште и моето трето прашање од областа на спортот и рекреацијата, како што сите ние знаеме современиот начин на живот и пандемијата дополнително наметна потреба од спорт како предуслов за здрав живот токму затоа би сакала да прашам како градоначалник во поглед на развој на спортот какви конкретни активности се превидува за граѓаните на Скопје“,Во Аеродром ветивте изградба на гимназија, а од истата нема ни терага ни глас нагласи Стефанова Стојановска.

Коронавирус