понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Стефаноски: Се наоѓаме на историски крстопат кога сме во сериозна опасност да го изгубиме националниот идентитет и самобитност

Стефаноски: Се наоѓаме на историски крстопат кога сме во сериозна опасност да го изгубиме националниот идентитет и самобитност

Почитувани браќа и сестри Македонци!

Повеќе од било кога во поновата историја е важно да излеземе и да гласаме на изборите на 15ти Јули. Република Македонија тоа го бара од нас! Се наоѓаме на историски крстопат кога сме во сериозна опасност да го изгубиме националниот идентитет и самобитност.

Државата ни е нападната од внатре, од оние кои за личен профит се спремни да жртвуваат нешто кое не им припаѓа, нешто за кое се бореле генeрации пред нас. Колку што ја наследивме Македонија од нашите предци, толку и ја позајмивме од нашите потомци.

Ние мора да го сочуваме нејзиниот интегритет, затоа што македонското достоинство е и нашето достоинство. Апстинирање на овие избори им отвара пат на оние кои не ни мислат добро и сакаат да ја изманипулираат нашата доверба, наместо да ја почитуваат нашат воља.

Наша должност е на овие избори да се збереме од сите страни, од дома и од дијаспората и МАСОВНО да гласаме за чесни родољуби. Да го поразиме антимакедонскиот елемент и да си ја сочуваме државата, затоа што друга држава немаме.

Да живее Република Македонија!

Коронавирус