четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Ставревски: СВР Скопје ќе го искористи сиот капацитет со цел разрешување на случајот “Јавна соба”

Ставревски: СВР Скопје ќе го искористи сиот капацитет со цел разрешување на случајот “Јавна соба”

Во вечерашната емисија “Топ тема” гостуваше новиот началник на СВР Скопје, Ристо Ставревски. Во однос на случајот ,,Јавна соба” кој деновиве е актуелен во Република Македонија поради откриените разговори преку апликацијата ,,Телеграм” во кои се споделувале непристојни содржини, Ставревски посочи дека неколку новинари кажале дека овие групи ги следеле повеќе од неколку месеци, што според него е недозволиво да не се сподели со институцијата што тоа требало да го запре.

Ставревски посочи дека во овој момент има само едно пријавено оштетено малолетно лице од оваа јавна комуникација каде што се споделувале непристојни содржини, кое што со својот родител дошло да пријави во полиција. Во моментот се приведени 2 лица од кои едното лице директно го исконтактирало началникот на СВР, кое посведочило дека постои човек кој е главен администратор на групата која со тек на време се проширила. По одреден притисок и разговори со првиот кој го контактирал СВР Скопје, пронајден бил и администраторот кој своеволно дошол во полиција да го пријави случајот и да објасни на каков начин се проширила групата.

“СВР Скопје во доменот во кој што може да делува, ќе делува на највисоко професионално ниво. Ние како СВР Скопје многу пати добиваме информации во соработка со нашите структури кои работат на територијата на Скопје, но исто така работиме и по допрен глас по кој што почнуваме истрага со цел дознавање на вистината и спречување на економскиот или интернет криминал”, истакна Ставревски.

Економскиот и интернет криминал во изминатите години се повеќе се во подем поради разните интернет апликации, но ваквите случаи мора да се спречат. Ваквите деградирања на индивидуи кои воопшто не испраќале никакви фотографии, мораат да бидат казнети и соодветно процесуирани. СВР Скопје ќе ги вложи своите капацитети со цел разрешување на овој случај согласно законите во Република Македонија, заврши Ставревски.

Коронавирус