сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 24
home Вести

Ставревски е професионaлeц, неговото назначување е во согласност со критериумите

Ставревски е професионaлeц, неговото назначување е во согласност со критериумите

Не претставува никаква пречка личност која била дел од нечиј кабинет или пак е сведок во некој случај, да биде распоредена на раководна должност, изјави за НетПрес дополнителниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, откако претходно во петокот заменик министерката поставена од владејачката СДСМ, Славјанка Петровска, не ја потпиша одлуката за назначување на Ристо Ставревски за прв човек на Секторот за внатрешни работи во Скопје.

„Назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје е во согласност со потребните критериуми. Лицето има потребен степен на образование, работно искуство и важечки сертификат за класифицирани информации. Тоа што бил дел од нечиј кабинет не е услов или пречка за распоредување. Ја потсетуваме дополнителната заменичка дека токму нејзината секретарка била член на истиот кабинет во кој бил Ристо Ставревски. Што се однесува до сведочење во Суд, сведок може да биде секој граѓанин кој Судот ќе го прифати за сведок било на одбраната или на застапникот на обвинението, во случајот СЈО“, изјави за НетПрес, Наќе Чулев.

Петровска појаснувајќи дека добила вкупно едианесет решенија, од кои потпишала десет, го дисквалификувала Ставревски поради тоа што тој „не бил прифатлив затоа што бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот на „Тенк“.

Петровска, којашто на сегашната позиција дојде како кадар на СДСМ како награда за нејзините партиски активности и од местото шефица на кабинетот на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, притоа заборава дека во истиот случај кој го водеше Специјалното јавно обвинителство сведоци беа сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот советник Зоран Верушевски.

Предлогот за именувањето на Ставревски го даде техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува Чулев да предложи и други назначувања, за исполнување на нормата од 15 измени на лидерските позиции во МВР.

Со реакција се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека криминалците од СДСМ претпочитаат да имаат криминалци за соработници.

-Затоа Оливер Спасовски пред заминување го именуваше за началник Драган Симоновски, лице кое беше гонето за тежок криминал. На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ не им пречеше што Симоновски беше и во притвор затоа што беше осомничен дека изнудувал пари со злоупотреба на класифицирани информации од ПИ мерки кои не смеел да ги има. На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ не им пречеше Одделот за организиран криминал да му го препуштат на неспособниот Лазе Велковски чиј врвен дострел во полициската кариера беше да ангажира возач и да злоупотребува службено возило за да ги развозува сопствената ќерка и нејзините другарки по грчките кампови, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат корумпирани кадри кои ќе менуваат пријави и записници како во случајот со насилството на Курто Дудуш. На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат корумпирани кадри кои ќе седат по маси со криминалци или ќе соработуваат со нарко-бандите низ Македонија. На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат луѓе како Примислав Димовски за кого медиумите пишуваа дека по телефон ослободувал криминалци на кои актуелната власт им должела. Спасовски, Петровска и СДСМ се плашат од чесни, професионалци кои нема да прават компромис со правдата и законите. Времето на коалицијата на полицијата со криминалот завршува на 12 април. Јасна е паниката во СДСМ. Стравот на Заев и Спасовски е оправдан. После 12 април секој ке одговара за стореното и секој ке биде еднаков пред законот.“

Коронавирус