недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Вести

Ставен под контрола шумскиот пожар над скопските села, ќе се догаснува изутрина

Ставен под контрола шумскиот пожар над скопските села, ќе се догаснува изутрина

Шумскиот пожар кој избувна изутринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци вечерва е ставен под котрола.

Заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески за МИА информира дека нивните екипи се повлечени од теренот и дека во делот кон селата Буковиќ и Раовиќ нема можност за ширење на пожарот.

-Остануваат уште неколку точки каде има активно горење, но нема опасност за населените места. На терен ќе имаме дежурна екипа која ќе ја следи ситуацијата, а утре во раните утрински часови ќе се направи догаснување, рече Томески.

Пожарот избувна утринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума. Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.