вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 18
home Вести

СТАВ: Драган Богдановски се превртува во гробот кога гледа како “печалбари“ се обидувале да ја “спасат“ВМРО-ДПМНЕ!

СТАВ: Драган Богдановски се превртува во гробот кога гледа како “печалбари“ се обидувале да ја “спасат“ВМРО-ДПМНЕ!

Во последно време сведоци сме на низа активности кои се насочени да се дискредитира и дестабилизира политичката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ и секој оној кој ја поддржува.

Со систематично и добро разработено сценарио, се спроведуваат разни активности со кои директно се напаѓа кредибилитетот и моралниот интегритет на низа личности, почнувајќи од највисоката позиција, па до сите клучни активисти во хиерархијата на партијата.

Неколку “печалбари“, кои беа на високи функции во државава и во ВМРО-ДПМНЕ, се прикажуваат како многу загрижени за сопствената земја и, замислете, за ВМРО-ДПМНЕ. Но, всушност, целокупната нивна активност е насочена против дискредитација и јавна бламажа на високото раководство на ВМРО – ДПМНЕ и, кон сите лојални членови во Партијата, со што, смислено и со умисла, прават директна штета на националното единство на македонскиот народ.

Со самиот факт што овие “печалбари“ и го свртеа грбот на ВМРО-ДПМНЕ, многу помогнаа партијата да се сплоти, обедини и со нови сили да се спаси и да продолжи по успешниот пат по кој ја води претседателот Христијан Мицковски.

Овие “печалбари-спасувачи“ неможат да се смират да не бидат во близина на чекмеџето со пари. Впрочем, тоа им беше и главната агенда во нивното целокупно не(работење) во Партија и во државните институции.

Невидена глупост, пуста желба и лични интереси повторно да се добие некоја висока партиска или државна функција, или, пак, се работи за ветувања многу поголеми од функција во власта?

Каква е нивната улога во ова сценарио што го спроведува лидерот на СДС и, кој тоа, овие самонаречини душегрижници, ги повикал да ја спасуваат партијата и од кого? Се разбира, на прво место, според нив, тоа е од Христијан Мицкоски, кој беше избран на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово и кој има огромна поддршка од членството и од Ветераните на Партијата.

Не­мало и нема да има та­ква личност што мо­же да ја рас­ту­ри ВМРО-ДПМНЕ, иа­ко, многумина це­ло вре­ме се тру­деле да го спроведат ова гнасно сценарио исклучиво за нивни интереси и лични амбиции.

Ако на првиот претседател и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, не му успеа да ја разнебити Партијата, тогаш, смешно е и да се помисли дека овие креатури од луѓе, односно “печалбари“ во политиката, ќе имаат капацитет и ум оваа подла игра целосно да ја спроведат во дело, според план однапред подготвен од лица и институции кои работат на директно разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ и библиска Република Македонија.

ВМРО ДПМНЕ е партија изградена врз цврсти идеолошки принципи, Затоа, ниту еден од овие “печалбари“, не само што малку или воопшто не ја познаваат и почитуваат идеологијата на Партијата, туку, немаат ниту капацитет и знаење за да си дозволат да даваат мислења и предлози за Партијата или за водечките партиски личност во неа. Тие се премлади, без капацитет и без национално чувство, и, што е најважно, тогаш кога ја формиравме партијата уште беа во пелени, за да можат да ја креираат идеологијата на ВМРО ДПМНЕ.

Затоа, срамота и предавнички чин е нивната „амбиција“ денес тие да се јавуват и пишуваат дека, замислете, ќе биле „спасители“ на ВМРО – ДПМНЕ. Народот, за луѓе кои ќе направат некоја глупост, како овие самобендисаниве, секогаш велел „Зини земјо, голтни ме“. Полошо од ова, здравје.

Секому треба да му биде јасно за навек, ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, туку, самото име ВМРО е иде­о­ло­ги­ја, ВМРО е бра­­ни­кот на Македонштината, на државата, на историјата, на културата, на јазикот итн. Така е и така ќе биде се додека векот векува и светот светува.

За­тоа, ние, ос­но­ва­чите и ве­­те­ра­ни­те на ВМРО-ДПМНЕ по­ра­чуваме:Пре­т­­­се­да­те­лот Христијан Мицкоски да про­дол­жи храбро да ја во­ди ВМРО-ДПМНЕ по патот трасиран во Програмата и Статуот на ВМРО – ДПМНЕ и по патот на победата.

Премногу тешки и мачни човечки судбини се преголем данок што чесниот македонски народ и нашата татковина Македонија можат да го платат за да нивните погубни судбини паднат во вашите лепливи, предавнички раце.

Затоа македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ ви порачуваат: Држете се подалеку од нас! Трпението ни е при крај, не знаеме што сé може да ве снајде.

Драган Богдановски се превртува во гробот кога гледа како “печалбари“ се обидувале да ја “спасат“ВМРО-ДПМНЕ!

Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна да е Македонија!

АМИН!

Автори:

Ламбе Арнаудов

Ѓорѓи Малковски

Манојил – Мане Јаковлески

Коронавирус