понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Статутарната комисија започнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Статутарната комисија започнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Согласно објавените заложби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за отпочнување на процес за измена на статутот на ВМРО-ДПМНЕ со цел зацврстување на партиските органи, нивната независност и дополнителна демократизација на партијата, Ве известуваме дека Статутарната комисија започнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

-Врз основа на фактот што внатрепартиската иницијатива за реформи во текот на месец јуни 2017 година има доставено до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предлог Декларација за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и предлог измени на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме со свои претставници да земат учество во работата на Статутарната комисија, со цел усогласување на ставовите за предметните измени, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Истовремено ги повикуваме сите тела на партијата, како и членови кои што сакаат да учествуваат во процесот на демократизација на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ со свои предлози да се обратат до Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ“.

Целта на ваквата постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е постигнување на поголема ефикасност на делувањето на органите на партијата, зајакнување на партиските органи, и поголема независност во донесувањето на одлуките од страна на истите.

-Секоја промена ќе биде направена низ процес на отворен внатрепартиски дијалог и консултација, како и користење на позитивните искуства на демократските десничарски сестрински партии од Европа, се потенцира во соопштението.

Коронавирус