недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 87
home Вести

Статистика: Колку македонски граѓани се вакцинирани против коронавирус?

Статистика: Колку македонски граѓани се вакцинирани против коронавирус?

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 17-ти октомври, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33%, информираат од Министерството за здравство.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(65,1%), Кавадарци(65,3%), Неготино(66,3%), Гевгелија(62,4%) и Ресен(60,6%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин.

-Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење, истакнуваат од МЗ.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани  800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани.

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Најнови вести

Коронавирус