вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 13
home Вести

Стартуваше амнестијата на Заев и функционери на СДСМ: Од денеска прислушувани разговори не можат да бидат основа за обвинение!

Стартуваше амнестијата на Заев и функционери на СДСМ: Од денеска прислушувани разговори не можат да бидат основа за обвинение!

Од денеска почнува она на што пред 5 месеци алармираа експертите – амнестијата на функционерите на власта, вклучително и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Денеска на сила стапува новиот Закон за Јавно обвинителство, кој беше донесен во февруари годинава, пред распуштањето на парламентот. Беше итно донесен, иако донесувањето на овој закон не беше ни одалеку формален услов за одлуката за почеток на преговори со ЕУ.

Дел од одредбите во законот беа предмет на критики од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а клучната забелешка беше дека во него се крие обид за амнестија на функционери од власта. Прстот беше вперен во членот 110 од Законот за јавно обвинителство, со кој се предвидува прислушувани разговори да не можат да бидат основа за подигнување обвиненија, туку тие само да служат како индиции. Исклучок од ова веќе законско правило ќе бидат предметите на СЈО покренати до 30 јуни 2017 година.

Сите прислушувани разговори што не се предадени во Судот како докази или индиции во истраги, Законот предвидува да се уништат.

Деновиве опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикува Обинителството да постапува по индиции за криминал и злоупотреби, кои речиси секојдневно одекнуваат од серијата разни нелегално снимени аудио разговори што осамнуваат на Јутјуб во последниов период.