вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 72
home Вести

Стапува на сила нов Закон, игнорирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права значи разрешување за судијата

Стапува на сила нов Закон, игнорирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права значи разрешување за судијата

Стапува на сила Законот за измена и дополнување на законот за судовите според кои судот е должен да ги земе во предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди, особено имајќи ги во предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на законот за судови.

(Службен весник бр.83 од 08.05.2018), каде законодавецот во членот 17 предвидел дека еден од основите за разрешување на судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон се смета дека е исполнет ако:

-Е донесена пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права во која е утврдена повреда од членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права.

А во членот 18 предвидел дека доколку судијата при одлучувањето не ги применува ставовите изразени во конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права, се смета дека прави потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на  одговорност на судија како основ за разрешување.

Судијата Добрила Кацарска во предметот Тенк против Груевски е првата која ќе треба да ги примени измените. Во текот на глвната расправа одбраната постојано изнесуваше приговори повикувајќи се на пресуди на Европскиот суд за човекови права, но судот ги игнорираше.

Од денес па натаму, игнорирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права значи разрешување за судијата!