четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Стана ли Скопје небезбедно за живеење? Потресно сведоштво на девојка чие момче било претепано во строгиот центар (ФОТО)

Стана ли Скопје небезбедно за живеење? Потресно сведоштво на девојка чие момче било претепано во строгиот центар (ФОТО)

Стана ли Скопје небезбедно за живеење? Илјадници корисници на Фејсбук го поставува ова прашање на социјалните мрежи откако вчера девојка од Скопје раскажа потресно сведоштво за претепување на нејзиното момче во строгиот центар на градот кај Универзална сала.

“Седевме на клупа пред Универзална сала и си правев муабет кога помина до нас група средношколци предводени од еден дечко кој изгледаше и звчуеше ѓон пијан. Тој дечко подоцна дознавме дека се вика Петар Арсовски. Веројатно бидејќи батето беше пијан му се причинило дека го гледаме на криво (а јас воопшто не го ни приметив додека не ми се обрати) и без никаква провокација и причина почна со агресивен тон да повторува “Имаме ли проблем?” на кое што јас неколку пати одговорив дека немаме никаков проблем и дека не ми е јасно зошто мисли дека има проблем. Осетив со кого си имам работа и дека е доволно пијан за да направи глупост, и додека да им кажам на неговите другари да го приберат, Петар Арсовски без предупредување замавна со ногата кон мојата фаца. Во тој момент јас станав од клупата и се упатив кон Петар Арсовски кој продолжи да удира боксови и да вика “Шо враќаш?” Во целата збрка се сеќавам дека успеав да го фатам во лок и паднавме двајцата на земја. Додека бевме на земја, неговиот другар кој подоцна дознавме дека се вика Никола Митиќ не престана да ми мава боксови и клоци по грбот и половината. Кога малку стивнаа ударите, јас се уште на земја, извикав дека ќе викнам полиција. Едвај застанав на нозе, целиот жива вода и со искината маица и свртев на 192. Во меѓувреме Петар Арсовски избега, а Никола Митиќ примети дека вртам на полиција и проба да ме спречи физички и вербално, при што ми удри уште еден бокс по уво и почна да бега. Дојде полиција, објаснивме што се случи и потоа ме однесоа во болница. За сега рентгенот не покажа дека имам скршеници, а ги чекам другите резултати. Денес имам огромни болки во половината, проблеми при одење и станување, видливи модрици насекаде по телото кои болат при било каков допир и имам проблем со спиењето. “

^Еве што му се случило на дечко ми Stefan Stefanovski, на 30.06.2019 во 2 часот по полноќ. Нема човек кој го познава Стефан и би кажал лош збор за него, особено па дека е провокатор или сака да се тепа. ИМА 23 ГОДИНИ, ВОЗРАСЕН ЧОВЕК, ВРАБОТЕН Е, НЕ ЖИВЕЕ ВО ТИНЕЈЏЕРСКИ СРЕДНОШКОЛСКИ ФИЛМ, НЕ СЕДИ ПРЕД УНИВЕРЗАЛНА САЛА ЗА ДА СЕ ТЕПА И НЕМА ПРИЧИНА ДА СЕ ЗАМАРА СО ДРУГИ ЛУЃЕ.
Во моментов мојот дечко седи во болка и неговото психофизичко здравје е нарушено. Зошто? Затоа што на големите фраери така им текнало. Затоа што “им се може”, како што кажува сликата на профилот на дотичниот тепач. Секогаш ќе има вакви фраеришта на кои “им се може”, па затоа јавно споделувам колку се јаки бацињава, да се видат последиците од нивниот фраерлук.
Многу сте злобни и ужасни и треба да се засрамите.
Случајот е пријавен во полиција со сите информации за вас, па сега чекајте си го редот, стои во нејзиниот фејсбук пост.

По овој грозоморен настан илјадници граѓани коментираа дека нашата полиција, обвинителство и судство нема да го реши овој случај, бидејќи правда во нашава држава нема!

Фејсбук статусот е целосно преземен од профилот на Мила Велјановска во кои се споменуваат имиња и презимиња, редакцијата на КУРИР само го пренесе во целост.

Коронавирус