вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Стаменковска: Законот за двојазичност е неуставен и неприменлив

Стаменковска истакна дека на неколку пленарни седници ги повикале пратениците на СДСМ да седнат и да изготват ново законско решение кое би било уставно, но и закон каде што би влегле и помалите етнички заедници кои што живеат во Република Македонија.
Стаменковска: Законот за двојазичност е неуставен и неприменлив

Побаравме овој закон да се тргне од дневен ред, да се формира комисија која што ќе го разгледа овој закон се со цел да се усогласи законот пред се со Уставот и да можеме да донесеме еден закон кој што би бил применлив, рече Невенка Стаменковска пратеничка во Собрание на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

Стаменковска истакна дека на неколку пленарни седници ги повикале пратениците на СДСМ да седнат и да изготват ново законско решение кое би било уставно, но и закон каде што би влегле и помалите етнички заедници кои што живеат во Република Македонија.

Стаменковска ја потенцираше и изјавата на францускиот амбасадор Тимоние каде што кажа дека вчерашниот ден бил жален за Република Македонија. Според неа и меѓународните претставници укажувале дека овој закон не претставува европска преспектива за Република Македонија.

-Многу пати до сега докажавме дека сме конструктивна опозиција и дека секогаш ќе биде тука кога е во прашање интересот на граѓаните. Дискусија, дебата, носењето на европски закони кои се приоритет за напредок на Република Македонија, се приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ и ние не отстапуваме од тоа, додаде Стаменковска.

Коронавирус