петок, 7. мај 2021. Вести денес: 65
home Вести

Стаменковска: Заев изјави дека администрацијата е неспособна, а доби безусловна препорака благодарение на тие луѓе

- Таа јавна и државна администрација е столбот на оваа држава и фер и коректно е премиерот Зоран Заев да се извини.  Вика дека не е добра администрацијата, а на крај препораката дека е благодарение на луѓето кои  претходно и те како добро работеле во оваа држава, вели Стаменковска.
Стаменковска: Заев изјави дека администрацијата е неспособна, а доби безусловна препорака благодарение на тие луѓе

Премиерот  Зоран Заев пред неколку дена кажа дека ние сме имале неспособна администрација и администрација кој е „клати врата, земај плата“.  Ако администрацијата беше неспособна, немаше да донесе безусловна препорака како што кажуваат, бидејќи дел од сегашните министри, директори и те како се неспособни сами да носат реформи, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, во вчерашното издание на емисијата Само Вистина на Канал 5.

– Таа јавна и државна администрација е столбот на оваа држава и фер и коректно е премиерот Зоран Заев да се извини.  Вика дека не е добра администрацијата, а на крај препораката дека е благодарение на луѓето кои  претходно и те како добро работеле во оваа држава, вели Стаменковска.

Обраќајќи се до пратеникот на СДСМ, Петар Атанасов таа истакна  дека СДСМ најавуваа реформи во администрацијата без притоа да се отпуштаат вработените, но отпуштени се 10.000 за под чудни околности да се вработат 13.000 лица од СДСМ.

Како што наведе меѓу избрканите има лице кое што е избркано заради  статус на Фејсбук,  жена во осми месец од бременост и самохрана мајка на 3 деца.

– Од друга страна викате дека не вработувате лица кои се од партиските редови, а целата „Шарена револуција“  ја вработивте. Заменик министерот за правда го ставија министер за правда бидејќи најдобро фрлаше боја по министерството.  Деновиве сме сведоци на написи по медиумите дека се вработиле синовите на Грчев и Талат, а тоа нели е непотизам? Тие за да седнат на тоа работно место морал да биде избркан човекот кој до тогаш работел на тоа место, потенцираше Стаменковска.

Коронавирус