четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 137
home Вести

Стаменковска: Време е владата на СДСМ да се врати во реалноста

Стаменковска: Време е владата на СДСМ да се врати во реалноста

Оваа година, овој говор што беше даден од страна на министерот за финансии личеше на како приказна за мали деца. Бидејќи се беше нешто во форма на „ЌЕ“, ми личеше како да се раскажува приказна на мали деца дека ете утре ден можеби да тој ќе стане некој принц или принцеза, појасни Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата на Собрание на Република Македонија.

Стаменковска образложи дека она што на почетокот веднаш требаше да побуди интерес е тоа што министерот кажа дека во текот на 2018 година ќе имало за развој 316 милиони евра во однос на делот за странски инвестиции.

-Морам да кажам дека единствената институција во Република Македонија, Агенцијата за странски инвестиции – промоција на извоз на Република Македонија сега е претворена во канцеларија на министерот Кочо Анѓушев. Бидејќи истата оваа институција наместо да се занимава со странски директни инвестиции, да се занимава со промоција на Република Македонија и можностите на Република Македонија кон странските инвеститори, оваа институција по најново се занимава со проверка на проектни документи на Кочо Анѓушев. Бидејќи тој и неговата институција не се способни сами да го направат и наместо државна помош на странски компании ние даваме само единствено државна помош на македонски компании, тоа значи дека странска компанија од кога е дојден СДСМ на власт нема во Република Македонија. И согласно ова, редно време е министерството за финансии, но и целата влада предводена од СДСМ да се врати малку во реалноста, нагласи Стаменковска.

Коронавирус